-->
-->
Мареј го напаѓа првото место на АТП листата
-->
Британскиот тенсиер Енди Мареј 2016 година ја игра во одлична форма и од таа причина се пореални се можностите да успее да се искачи и на првата позиција на АТП листата. Мареј има вкупно 10.485 поени, или 2.415 помалку од водечкиот Новак Ѓоковиќ.
- Да, размислувам за првото место особено што не сум далеку. Се помалку чуствувам притисок, претходно имав многу поголем. Сите само зборуваа за моето освојување на Грен слем турнир. Кога победив на УС Опен, зборуваа за триумф на Вимблдон. Кога го направив и тоа, притисокот е намален, изјави Мареј.
Вториот светски тенисер напомена исто така дека отсуството на Рафаел Надал и на Рожер Федерер е предност за другите тенсиери.
Мареј оваа недела ќе игра на турнирот во Виена, каде е рангиран како прв носител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии