МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците

Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања до своите членови пензиските друштва НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје апелираат членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци.
- Сите членови кои имаат промена во своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва. Тоа може да го направат електронски преку нивните веб страници или во седиштата на пензиските друштва, се вели во денешното соопштение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат барање за ажурирање или корекција на лични податоци. Од почетокот на 2015 година се воведе новост со која се овозможува на членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва да ги ажурираат/корегираат своите лични податоци.
Пензиските друштва до своите членови еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио
Ново на Сител
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
