МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците

Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања до своите членови пензиските друштва НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје членовите на вториот и третиот столб треба да извршат ажурирање на своите лични податоци.
- Сите членови кои имаат промена во своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат, за да ги добиваат редовно годишните известувања од пензиските друштва. Тоа може да го направат електронски преку нивните веб страници или во седиштата на пензиските друштва, се вели во денешното соопштение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат барање за ажурирање или корекција на лични податоци. Од почетокот на 2015 година се воведе новост со која се овозможува на членовите на пензиските фондови преку електронски систем на интернет страницата на пензиските друштва да ги ажурираат/корегираат своите лични податоци.
Пензиските друштва до своите членови еднаш годишно доставуваат извештај за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио.
Ново на Сител
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
