Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2017“ ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври
Стопанско-културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2017“, која годинава ќе го доживее своето дваесет и шесто издание, ќе започне на 25 септември, а ќе заврши со централните настани на 1 октомври.
Вака одлучи Одборот за организација на манифестацијата и Комисијата за култура при Советот на Општина Кочани, на кој состанок беа договорени рамките и најавени дел од содржините на оваа значајна манифестација за Кочанскиот крај.
- Манифестацијата ја осмислуваме во текот на целата година, а со овој состанок ги започнуваме поинтензивните подготовки. Ќе настојуваме да внесеме повеќе содржини во истата, ќе имаме гости и делегации од збратимените градови со Кочани од повеќе европски држави. На оваа манифестација ќе се обидеме да ги обединиме традицијата и современиот уметнички израз, најави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Вообичаено, во рамките на манифестацијата ќе се избере жетварска убавица, додека традиционалниот обичај зажнејување ќе се изведе на нива во Кочанско Поле. И годинава ќе се одржи меѓународниот фолклорен концерт со учество на десетина ансамбли од повеќе европски држави и Македонија, кој ќе се одржи во Паркот на револуцијата, а планирани се и концерти во Трговскиот центар.
Ново на Сител
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон