Манифестација за развивање позитивни еколошки навики во пехчевско Негрево
Во пехчевското село Негрево заврши дводневната манифестација за развивање позитивни еколошки навики. Настанот „Планетата е во твои раце – Избери да реупотребиш“ го организираше Едукативниот центар за зачувување на природата, а во неговата реализација учествуваа најмладите од Пехчево.
Целта на манифестацијата, како што истакна раководителот на Центарот Верица Арнаутовска е поттикнување на грижата за животната средина кај помладата популација.
– Во рамки на настанот со најмалите учесници се одржа презентација на тема „Редуцирај, реупотреби, рециклирај“, при што учесниците имаа можност да изработуваат саксии за цвеќиња од пластична амбалажа и стари автомобилски гуми. Во вториот дел од настанот имавме две работилници, првата за изработка на табли со еколошки мотиви и украсување на стаклена амбалажа со „декупаж“ техника, додека втората за засадување цвеќиња, информираше Арнаутовска.
Додаде дека настанот предизвикал интерес кај најмладите, кои активно учествувале во реализацијата на активностите.
Од Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево очекуваат во следниот период тој да биде корисен ресурс за основните и средните училишта, за спроведување на еднодневни екскурзии, како и за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата. Покрај овие активности од Едукативниот центар најавија и многу други активности со цел збогатување на својата понуда и промовирање на природните убавини на Брегалничкиот регион.
Ново на Сител
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува