Манифестација "Велигденска традиција" во Крива Паланка
Околу шестотини украсени јајца и над двесте велигденски декорации со празнични мотиви беа изложени на денешната манифестација "Велигденска традиција" во Крива Оаланка.
Манифестацијата се одржа во дворот на локалната установа Градски музеј, Крива Паланка, а ја организираат по петти пат Градски музеј и локалната самоуправа на општината.
- Манифестацијата ја организираме традиционално на втор ден Велигден, а истата е можност креативните експресии на граѓаните да бидат претставени и забележани. Тоа е и всушност улогата на културните, па и на образовните институции, рече Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј
На посебни штандови беа изложени индивидуални и групни декорации со разни велигденски мотиви, поврзани со традицијата, специјалитети, посни и празнични подготвени од образовните институции, кои според критериумите на жири комисијата добија награди во три категории.
Награда за најдобра поединечна декорација доби ПОУ Јоаким Крчовски од село Огут, второ место игротека Анифил и трето место СОУ Ѓорче Петров.
За најдобра групна декорација прво наградена е "Велигденска идила" од Јоаким Крчовски, второ ОЈУДГ Детелинка и трето место е Дневниот центар.
Најубаво украсено велигденско јајце е прогласена изработката на Викторија Ѓоргиевска, второнаградена е Јагода Ангеловска и трето место-Катица Борисовска.
- Велигденските празници се денови кога го славиме воздигнувањето и воскресението Христово и верувајте, во животот само оние кои знаат што е мака, што е трпение ,знаат да ги ценат добрините и убавините во животот. Во таа чест посакувам среќни празници на сите и посакувам добро здравје и убавини за секого, порача градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Трдиционално се одржа и натпревар во најцврсто јајце, каде беа пријавени 65 учесници, а победник е Ниола Тадков. Посебна награда доби и Никола Ниоловски кој победи 53 јајца, но беше совладан од најуспешниот-Тасков. Подароци обезбедија општината и музејот.
Ново на Сител
-
Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното
-
Уапсен 20 годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
-
Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури
-
Пожарникарите се борат со речиси 200 шумски пожари во Северна и Јужна Каролина
-
Калас: Вашингтон го промени ставот по разговорите со Русија
-
Одеци по лондонскиот самит: Чекор напред со многу ветувања, а малку конкретни одговори
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН