Манифестации и настани во повеќе градови во рамки на „Топол културен бран“

Во рамки на манфестацијата „Топол културен бран“ денеска во повеќе градови во Македонија ќе се одржат презентации на филмови, фестивали, перформански, а ќе бидат изведени претстави.
Во општина Брвеница во состав на манифестацијата „Топол културен бран“ во основното училиште „Челопек“ ќе се одржи проекција на долгометражниот анимиран филм „Вини Пу“.
Во дворот на Домот на културата во Ресен, со почеток во 20 часот, пак, ќе се одржи „Поетско читање на локални поети“, членови на здружението „Преспанска Елегија“.
Вечерва, во рамките на Богданско културно лето Интимниот театар од Битола ќе ја изведе претставата „Со љубовта шегување нема“, работена според текстови од Алфред Де Мисе и Софија Ристевска. Претставата ќе се одигра на сцената во малата сала на Домот на културата „Бранд Петрушев“ – Богданци. Во претставата која ја обработува темата на неолиберализмот и суровиот капитализам што го проголтува и уништува секој човеков обид да се живее надвор од таквата матрица, настапуваат актерите Здравко Стојмиров, Катерина Аневска и Стефанија Илиевска. Кореографијата е на Кире Миладиноски и Стефанија Милевска, додека костимите се на модното студио „Анастасија“. Проектот е финансиран со заеднички средства на Министерството за култура и општина Богданци.
Културната летна програма во Општина Новаци вечер ќе започне со промоција на документарниот филм „Битката за новачкиот манастир „Рожденство на Пресвета Богородица Новаци“, за време на поплавите, од здружението „Граѓански Патеки“ од Битола. Настанот ќе се одржи во дворот на манастирот со почеток во 20 и 30 часот.
Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ и во Општина Крива Паланка во текот на месец август ќе бидат реализирани неколку настани. Денеска на плоштадот „Карпошово Востание“ со почеток во 19 часот ќе се одржи „Џој Фест 2015“.
Во Општина Кратово, пак, со почеток во 11 часот пред платото на Домот на култура „Лазар Софијанов“, најмладите ќе имаат можност да ја погледнат детската театарска претстава „Ојле брада во животинска балада“. Театарската претстава е во изведба на Народниот театар-Штип, во режија на Трајче Кацаров, а улогите ги толкуваат актерите Трајче Кацаров, Каролина Михајлова, Кристијан Санев.
Во општина Радовиш ќе се одржи концерт на градскиот плоштад со почеток во 20 часот. Станува збор за перформанс на староградски песни „Саноќ седам“, во чии рамки учество ќе земат десет музички ансамбли од земјава. На концертот ќе настапи и музичкиот ансамбл од градот Струма, Република Бугарија.
Ново на Сител
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
