-->
-->
Мане во Ливерпул за 36 милиони
-->
Сенегалецот Садио Мане за сума од 36 милиони евра од Саутемптон се пресели во Ливерпул. Мане, во понеделникот, ги мина лекарските прегледи, а ден потоа потпиша договор со трофејниот клуб.
Сенегласкиот репрезентативец Садио Мане е третото најскапо засилување во историјата на Ливерпул, по Енди Керол и Кристијан Бентеке, а веќе четврто за тимот на Јирген Клоп во преодниот рок.
Пред Мане, уште во јануари Ливерпул ги договори Камерунецот Жоел Матип кој од Шалке пристигна како слободен играч и Србинот Марко Грујиќ од Црвена ѕвезда, за кого клубот плати седум милиони евра. По завршувањето на сезоната на „Енфилд“, за сума од шест милиони евра, пристигна голманот на Мајнц, Лорис Кариус.
Мане, кој е поранешен играч на Мец и Салцбург, е петтиот играч кој во последните три години од Саутемптон се сели во Ливерпул. Претходно Саутемптон добро заработи од продажбите на Адам Лалана (25 млн фунти), Дејан ловрен (20 млн фунти), Рики Ламберт (4 млн фунти) и Натанијел Клајн (12,5 млн фунти).
Сенегалецот во изминатите две години одигра 75 натпревари за Саутемптон, на кои постигна 25 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен