Мане: Нема да застанеме тука
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане изјави дека првата титула на тимот по 3 децении е само почеток. Тимо од „Мерсисајд“ стигна до триумфот во првенството на седум кола пред неговиот крај, а според многумина ова ќе биде почеток на период на доминација за „црвените“.
– Мислам дека има уште еден чекор за сите нас поврзани со она што сакаме да го постигнеме. Како фудбалер секогаш треба да бидете гладни за успех. Имаме одличен тим и персонал, клубот е неверојатен. Имаме одлични работи што треба да ги постигнеме и нема да застанеме тука. Само треба да веруваме во себе, да продолжиме да работиме и да бидеме скромни, рече Мане.
Дваесет и осум годишниот напаѓач направи уште една многу силна сезона, постигнувајќи 19 голови и 12 асистенции. Тој не криеше дека Јирген Клоп играл голема улога во неговиот развој.
– Тој е одличен менаџер. Имам среќа да работам со него затоа што како играч и како личност се развив под негово водство. Можете да видите како играчите се развиваат во овој тим и сè доаѓа од него, посочи Сенегалецот,
Ако продолжи да победува, Ливерпул би можел да го сруши рекордот на Манчестер Сити за поени во една сезона. Двете екипи се соочуваат во четврток.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
