„Манчис“ исмеан поради фотографија од мизерен послужавник со скара
Порталот специјализиран за храна Манчис сакаше да ја пофали бруклинската скара на Твитер, која, наводно, веќе „го освоила светот“, но наместо воодушевувања, ги собра сите зајадливи шеги на своја сметка.
На сликата се гледаат тенко исечени парчиња месо кое не било димено, без скоро никаква декорација или сос за скара. Месото е придружено со чаша пиво, две кисели краставички и бедни лепчиња без вообичаениот путер, што според многумина корисници на Твитер изгледа доста сиромашно и тажно.
- Драги Манчис... Избришете ја сликата. Избришете го целиот пост, а потоа избришете си го и профилот. Избришете го и ресторанот каде ги сликавте. Најсрдечни поздрави од Тексас, порача една следачка од сојузната држава која инаку важи за неприкосновен лидер во САД во оваа област. Објавата на Манчис предизвика регионален спор во САД, околу тоа кој дел од државата прави најдобра скара. Неприкосновени вообичаено се Тексас и Канзас, а обидот на рестораните од Њујорк да преземат дел од оваа слава особено предизвикува бурни реакции.
- Ова е најтажната порција скара што сум ја видел, гласи друг коментар.
Во одбрана на Манчис, дел од коментаторите велат дека мулткултурниот Њујорк сепак има ресторани кои успешно ја преземаат кујната од целиот свет.
Ново на Сител
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот