Фудбал
1. јуни 2022 - 8:40

Манчини: Италија против Аргентина е класика на светскиот фудбал

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го кажа своето мислење во пресрет на денешниот натпревар со Аргентина.

На натпреварот на Вембли ќе се сретнат победникот на Евро 2020 и победникот на Купот на Америка 2021 година.

– Италија против Аргентина е класика на светскиот фудбал. Благодарение на нашиот натпревар ќе бидат спомнати многу легендарни играчи. Ќе биде одличен, многу интересен натпревар. Штета што останавме без Киеза, Имобиле, Берарди и Верати. Сепак, секој од оние што ќе ги заменат ќе има одличен натпревар. Репрезентацијата на Аргентина е многу силна, исто и ние, изјави Манчини.

Натпреварот во Лондон е закажан за вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.