Македонија
29. September 2016 - 13:52

Манчевски: Регионите се запоставени

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска од Делчево оцени дека во последните 10 години целосно е запоставен овој регион и оти власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја оставила Македонија со разрушени патишта и руинирана инфраструктура. 

- Власта предводена од ДПМНЕ во последните 10 години целосно го запостави овој регион. Впрочем, патот Делчево-Виница на којшто денес се наоѓаме е еден од најдобрите примери за тоа како овој регион беше запоставен. Ние ќе вложуваме во патишта во овој регион и во останатите делови од Македонија, изјави Манчевски.

Тој додаде дека планираат инвестициски циклус од три милијарди евра за 10 години во патната инфраструктура и оти со тоа ќе се отворат нови работни места за граѓаните кои ќе бидат ангажирани во градежните компании.