Манчевски: Регионите се запоставени
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска од Делчево оцени дека во последните 10 години целосно е запоставен овој регион и оти власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја оставила Македонија со разрушени патишта и руинирана инфраструктура.
- Власта предводена од ДПМНЕ во последните 10 години целосно го запостави овој регион. Впрочем, патот Делчево-Виница на којшто денес се наоѓаме е еден од најдобрите примери за тоа како овој регион беше запоставен. Ние ќе вложуваме во патишта во овој регион и во останатите делови од Македонија, изјави Манчевски.
Тој додаде дека планираат инвестициски циклус од три милијарди евра за 10 години во патната инфраструктура и оти со тоа ќе се отворат нови работни места за граѓаните кои ќе бидат ангажирани во градежните компании.
Ново на Сител
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари