Манчевски промовираше два нови проекта во Радовиш
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска пред стопанствениците и граѓаните на Радовиш промовираше два нови проекта кои ги воведува Министерството.
Едниот е портал за отворени податоци, со кој на граѓаните и стопанствениците ќе им биде многу полесно да доаѓаат до сите податоци кои им се потребни во нивното секојдевно работење.
Вториот е национален портал за електронски услуги од каде и граѓаните и стопанствениците ќе можат да добиваат голем број услуги и да обезбедуваат документи по електронски пат.
- На овие средби разговараме со стопанствениците и сакаме да го слушнеме нивното мислење пред да го пуштиме во употреба новиот национален портал за електронски услуги. Техничкото решение е веќе готово и ќе го имаме до крајот на септември, но ние преку серија разговори сакаме да го слушнеме мислењето на стопанствениците што е најмногу потребно за да може евентуално да го корегираме пред да го пуштиме во употреба некаде до крајот на годината, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по денешните средби со граѓаните и стопанствениците.
Ги повика жителите на Радовиш и околните места вечер да присуствуваат на граѓанската средба во селото Подареш за претстојниот референдум.
Манчевски најави дека ќе разговара со граѓаните за што значи овој референдум за Македонија, решавање голем број проблеми, особено во делот на младите, кои во голем број го напуштија овој регион.
- Сметаме дека со успешен референдум, со влез во ЕУ и НАТО ќе се отворат многу можности за младите луѓе по примерот на другите земји од Балканот каде значително се зголеми процентот на вработеноста на младите луѓе, додаде министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска во Радовиш.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати