Манчевски: Нашата цел е да им обезбедиме на граѓаните ефикасни, брзи и евтини услуги
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на конференцијата „Посилни со Циско“, во организација на Циско-Македонија, се осврна на проектите на кои работат со цел дигитализација на Македонија, со посебен фокус на обезбедување на сајбер безбедност.
- Секој субјект што е online, на интернет, се соочува со два проблеми. Од една страна брзината на сјабер-заканите и нивната експанзија и развој на нивните тактики и немањето квалификувани поединци кои им се потребни за да ги предвидат слабостите и да ја зачуваат безбедноста од друга. Ова брзо менување на технологијата, ги остава ИТ професионалците без напредни вештини, потребни за да ги заштитат своите компании. Замислете што можат да направат овие слабости за да ги поткопаат не само бизнисите, туку и општините, воените инсталации, владините агенции и други субјекти, рече Манчевски.
Тој ја спомна Стратегијата за сајбер безбедност која Владата ја усвои и Акцискиот план што оваа недела го привршуваат, а ќе биде претставен на јавна расправа во наредниот период и набргу потоа ќе биде усвоен.
- Нашата цел е да им обезбедиме на граѓаните ефикасни, брзи и евтини услуги. Денес, полесно е да ги донесеме услугите до граѓаните, а не граѓаните до услугите. Тоа можеме да го направиме со помош на технологијата. Ова е многу важно за нас, и е поврзано со останатите активности на кои работиме во моментов. Тука мислам на Националниот портал за е-услуги и проектот за електронски идентитет на граѓаните, рече министерот Манчевски.
Истакна дека регистарот на население е основа и за порталот за е-услуги, каде граѓаните ќе можат најголем дел од услугите кои секојдневно им се потребни да ги добиваат по електронски пат.
- Ова претставува платформа за креирање на електронски идентитет на граѓаните и постојано ќе се надградува со податоци од други институции. Регистарот на население има за цел да ги донесе услугите до граѓаните, што ќе придонесе и до подобрување на квалитетот на животот за сите граѓани, додаде Манчевски.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Од март Во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
-
ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
-
Адвокатот на починатата родилка од Куманово: Како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине?
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор