Македонија
25. October 2018 - 17:39

Манчевски најавува воведување ред во јавната администрација

Министерот Манчевски најавува  реорганизација на администрацијата. Анализите покажале дека таа е превработена, неефикасна , дека има преклопувања на надлежностите.  Манчевски  за таа цел најави дека ќе има потреба од  укинување на некои институции и  намалување на бројот на управни одбори, но тоа не  не значи дека ќе има и отпуштања се оградуав министерот.

Целта е никој да не го загуби работното место и се прават анализи со кои ќе се детектира се она што е вишок во институциите, и повтори оти под одредени услови тој вишок ќе го понудат на приватниот сектор.

Министерот  како шпекулации ги оитфрли  наводите дека околу 200 вработени преку  рамковен се  надвор од земјата, а примаат плата.

Трансформација на јавната администрација е еден од  критериумите  за влез во европската Унија.  Србија, која  пред три години ги започна преговорите со Брисел направи голем  исчекор во реформата на јавната управа, и соодветна едукација на кадрите. Голем удел во создвање ефикасна о модерна администрација има дигитализацијата, посочува ресорниот минитер во Србија , Бранко Ружик.

За една и пол година, при што граѓаните не мораа 540.000 пати да одат да набават некој документ од матичната книга на родени, венчани и на починати, за да завршат некоја работа со државната управа и тоа е доволен показател дека дигитализацијата не е процес кој не одминува и граѓаните се многу позадоволни, истакна српскиот министер.

Иксуствата  во оваа сфера денеска беа тема и на конференцијата во Скопје, каде се расптаваше за предизвиците во реорганизација на аминистрацијата и нејзина поголема ефиаксност во регионот и пошироко.