Манчевски: Медиумските работници, а не Владата да бидат моторот на реформите
Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
- Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиуми. Треба да бидат медиумските работници и самите медиуми. Ние како Влада единствена амбиција ни е да им обезбедиме простор, дебата и механизам. Ние сме алатка за спроведување на тоа што тие сметаат дека треба да се донесе, изјави Манчевски на отворањето на денешната 13. Меѓународна конференција „Е-општество“.
Посочи дека тие како Влада се тука за нив да ги чујат потребите за какви било измени, но посочи дека дебатата за тоа не треба да трае до недоглед. Дебатата како дебата е корисна, но треба да се движиме и кон донесување на одлуки и решенија.
- Во делот на интернет порталите кои пласираат информативни содржини, мој личен предлог е минимум да се декларира еден уредник и дека не смее да биде во сопственост на офф-шор компанија. Мислам дека можеме да прифатиме и тоа се однесува на портали што се регистрираат во Македонија, рече Манчевски.
Посочи дека сепак тука има голем етички проблем до каде е линијата и до каде треба да се оди во регулација, а кога веќе се навлегува во приватноста.
- Ова се прашања на кои Владата не треба сама да нуди одговор, туку треба да отвориме дебата. Ако станавме познати како извор на „лажни вести“, можеме да станеме и место каде што почнало да се дебатира околу некаква координирана иницијатива или акција, изјави Манчевски.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште