Фудбал
2. March 2017 - 9:46

Манчестер Сити од втор обид избори четвртфинале во ФА Купот

 Манчестер Сити е последниот четвртфиналист во ФА Купот на Англија, откако во повторениот дуел го совлада Хадерсфилд со 5:1. Првиот меч меѓу овие два тима заврши без голови 0:0.
 
Гостите први поведоа со голот на Хари Бан во 7. минута, но потоа следуваа пет погодоци за „граѓаните“ преку Леру Сане, Серхио Агуеро од пенал Хавиер Забалета, Агуеро по вторпат и Келечи Ихеаначо.
 
Во четвртфиналето Манчестер Сити ќе игра на гости со Мидлсброу.
 
Другите двојки се:
Челзи – Манчестер Јунајтед,
Тотенхем – Милвол и 
Арсенал – Линколн.