Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
Прес-службата на Манчестер јунајтед ги објави плановите за изградба на нов стадион.
На официјалната веб-страница на клубот е наведено дека арената ќе прими 100 илјади навивачи.
-Нашата долгорочна цел како клуб е да го имаме најдобриот фудбалски тим во светот кој ќе игра на најдобриот стадион во светот. Благодарни сме за работата што ја презеде работната група за регенерација на „Олд Трафорд“. Внимателно ги разгледавме неговите наоди, како и ставовите на илјадници навивачи и локални жители и дојдовме до заклучок дека новиот стадион е вистинскиот пат, изјави извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада.
Клубот верува дека изградбата на новиот стадион и придружната програма за регенерација на областа „Олд Трафорд“ може да донесе дополнителни 7,3 милијарди фунти годишно во економијата на Велика Британија.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница