-->
-->
Манастирски собор во село Пантелеј, Кочанско
-->
Во мананстирскиот комплекс во село Пантелеј, Кочанско денеска се одржа голем мананстирски собир по повод празникот Свети Пантелејмон и почетокот на работите на фрескоживописувањето на внатрешниот дел на манастирската црква.
Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија одржа света божествена литургија.
Манастирот во горниот дел кај куполите и нишите е фресконасликан со неговата изградба уште во 1879 година од страна на тајфата на Димитрија Андонов Папрадишки, за да по век и половина започне фрескосликањето на неговата внатрешност.
- Денешниот ден е значаен за манастирот „Свети Пантелејмон“ сместен во живописните предели на Осоговските планини, затоа што собра броен народ на манастирската слава во чест на патронот и исцелителот Свети Пантелејмон. Воедно, можам да објавам дека започнавме со фрескосликање на внатрешноста на манастирот со фрески кои се донација на верниците. Очекувам фреските да бидат готови во наредната година и на празникот на манастирот кога и Македонската православна црква Охридска архиепископија ќе слави 50 години од возобнувањето на својата афтоќефалност, манастирот и фреските да бидат осветени, изјави митрополитот Брегалнички господин Иларион.
Тој истакна дека перспективите на овој манастир се мошне големи. Брегалничката епархија планира тој да стане жив манастир со присуство на монаси, и да биде ист како и Лесновскиот манастир во овој дел на Осоговијата.
На денешната манастирска слава во село Пантелеј присуствуваа голем број верници од Кочанско и околината, како и наши иселеници кои престојуваат во родниот крај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога
-
ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
-
Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
-
Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, на ГП Табановце за излез се чека околу 10-15 минути