-->
-->
Манасков се сели од Германија во Унгарија?!
-->
Левото крило на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков, по завешувањето на сезоната ќе го напушти бундеслигашот Рајн Некар и најверојатно ќе се пресели во Веспрем, тврди специјализираниот ракометен портал Handball-planet.
Унгарскиот шампион подготвува големо реновирање на тимот по завршувањето на сезоната, а еден од играчите кои ќе пристигнат е Дејан Манасков, македонскиот репрезентативец, кој по само една сезона ќе го напушти Рајн Некар.
Актуелниот германски шампион пред неколку месеци го договори трансферот на шведскиот репрезентативец Џери Толбринг од кристијанштад, кој треба да ја пополни левата крилна позиција со ветаренот Сигурдсон.
Во ваква ситуација вишок е Манасков, кој ќе оди во Веспрем, на местото на Герго Иваншик. Веспрем од наредната сезона од клупата ќе го предводи сеуште актуелниот тренер на Фленсбург, Љубомир Врањеш, кој во Унгарија сака да го донесе „својот“ играч Квентин Мае, но и францускиот репрезнетативец Вилијам Акамбре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев