-->
-->
Манасков се огласи за промашениот пенал
-->
Ракометната репрезентација на Македонија имаше победа в рака против Чешка, но ја прокоцка. Иако ракометарите водеа со шест гола во еден интервал од натпреварот, на крајот загубија со 24-25.Манасков имаше шанса да донесе реми од пенал, но сепак, не успеа да погоди откако Мрква го фати неговиот пенал на самиот крај од мечот.
-Самите сме си виновни. Имавме се, и го прокоцкавме. Игравме добро, имавме убаво водство, навивачи на наша страна, и потоа не знам што се случи. Одеднаш застанавме. Навистина не знам која е причината, вели Манасков.
За седмерецот кој го промаши на крајот, Манасков вели:
-Мислам дека претходно ја пропуштивме нашата шанса.
Поради неуспехот, Македонија ги загуби шансите за полуфинале и единствено може да се надева на меч за петтото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
