-->
-->
Манафорт бара откажување на судскиот процес против него
-->
Поранешниот шеф на предизборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт рано изутринава побара од Суд во Вашингтон да го откаже судскиот процес што се води против него во врска со лобирањето во полза на Украина.
Адвокатите на Манафорт, против кого се води постапка и за измами, оценија дека специјалниот обвинител Роберт Мјулер ги надминал своите овласувања со тоа што го обвинил нивниот клиент за дела извршени пред да биде ангажиран во американската претседателска кампања во 2016 година.
Мјулер беше именуван за специјален обвинител со задача да ги испита врските на членови на изборниот штаб на Трамп со Русија.
Според адвокатите на Манафорт, неговиот ангажман како лобист за Украина завршил уште во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив