МАН: Реформата за МРТ ќе се сведе на кадровски решенија на опозицијата

Македонската асоцијација на новинари (МАН) соопшти дека го поздравува почетокот на процесот на дефинирање на, како што се наведува, она што треба да бидат законски и кадровски решенија за медиумскиот сектор и МРТВ, како јавен сервис.
- Поради фактот дека не постои балансираност во медиумите кои учествуваат во овие дебати под меѓународно посредништво и покровителство, како и поради фактот дека дебатите се празни – а решенија ни се сервираат, МАН смета дека медиумските закони однапред се подготвени и како такви ќе бидат сервирани и доставени до политичките партии кои потоа треба да ги усвојат, како и до медиумите кои се најзасегнати од нив, стои во соопштението.
Според МАН, решенијата за МРТ се кројат зад затворени врати во Клубот на пратеници со посредништво на Питер Ванхауте, не се разгледуваат стручни и меѓународни примери и искуства, туку се разгледуваат предлози кои ги застапува СДСМ преку Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
- Ова значи дека целата реформа околу МРТ ќе се сведе на кадровски решенија предложени од опозицијата, без суштински системски унапредувања за јавниот сервис, се наведува во соопштението.
Се посочува дека МАН во повеќе наврати јавно ги презентира и доставува до сите засегнати субјекти стручните предлози за реформи во медиумскиот сектор и најави дека останува на ставот дека е потребна дебата, но суштинска, а не парцијална која главно се однесува на кадровски решенија, на пример, како оние за јавниот радидифузен сервис. - За медиумскиот сектор не се потребни парцијални дебати и решенија, туку суштински, смета МАН.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
