Македонија
21. October 2016 - 12:55

МАН го осуди нападот на новинарот на ТВ Телма

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува последниот инцидент што се случи пред Министерството за внатрешни работи, во кој физички беше нападнат новинарот Павле Беловски од телевизија „Телма“. 

МАН бара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи, како што се наведува, ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела.

- И досега се случувало физички да бидат напаѓани новинари, што е дополнителна причина да бараме расветлување на сите без исклучок, се вели во соопштението од МАН.