-->
-->
МАН бара Телма да ја преиспита одлуката за отпуштање на 12-те новинари
-->
Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека отпуштањето на новинарите од телевизија Телма е непрофесионална одлука без однапред познати и посочени критериуми според кои 12 новинари останаа без работа преку ноќ, се вели во соопштение од Асоцијацијата.
МАН воедно бара телевизија Телма да ја преиспита одлуката, да објави критериуми и потоа да разговара со новинарите. - Бидејќи се работи за новинари кои се во телевизја Телма повеќе од 10 години во случај на отказ треба да се даде неколкумесечен период до отпуштањето или еден вид апанажа, стои во соопштението од МАН.
Со одлука на раководството на Телма 12 вработени се прогласени за технолошки вишок заради, како што навеле, намалување на трошоците во телевизијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш