МАН бара Спасовски да си расчисти сите случаи на напади и закани врз новинари
Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во најкус можен период да ги расветли сите случаи во кои има насилство, закани и напади врз новинари.
Во денешното соопштение од МАН стои дека бараат од Спасовски да ги расветли нападот врз екипата на телевизијата Сител од митингот на СДСМ пред Собранието на РМ во мај годинава, каде Ивона Талевска и снимателите завршија со, се подвлекува, видливи физички повреди на Клинички центар.
Бараат да се расветли и случајот од нападот врз новинарот и уредник на Нетпрес, Дејан Николовски од Стојанче Ангелов, потоа физички или вербални напади врз водителите Јанко Илковски и Антонио Димитриевски, заканите и навредите од СДСМ кон новинарот на Сител, Љупчо Златев, заканите, како што стои, по живот врз уредниците на Сител и весникот Вечер.
- Упадите во програмата на национална телевизија Канал 5 од хулигани кои себеси се нарекуваат новинари, нападот врз Јанко Илковски од Сител од лице кое себеси се нарекува новинар, а припаѓа на групата уличари финансирани од СДСМ, упадите и кршењето во Радио Слободна Македонија, упадот и кршењето во неделникот Република, како и физичкиот напад со шипка, навредите и заканите за физичко насилство врз Бобан Нонковиќ од активисти на невладиниот сектор финансиран од Сорос, поточно Петрит Сарачини од МИМ, а сега одговорен уредник во ТВ21, стои во соопштението од МАН и се додава оти мора да се расчистат и случаите со заканите по живот за новинарите од редакцијата на Курир од активисти на СДСМ кои објавувале фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се заканувале со физичко насилство врз новинари од порталот, но и прислушувањето и објавување монтирани снимки на сопственици, уредници и новинари од Канал 5, Сител, Вечер.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот