Мамер: ЕК нема да препорача задолжителна вакцинација во ЕУ
На денешниот брифинг за новинари во Европската комисија, портпаролите ја прецизираа изјавата на претседателката Фон дер Лајен за задолжителната вакцинација дадена минатата недела, јави дописничката на МИА од Брисел.
За потсетување, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција минатата недела изјави дека е добро што се дебатира за задолжителна вакцинација, но како што прецизираат денеска од Европската комисија, здравствената политика е целосно надлежност на земјите членки.
-Комисијата нема препораки до земјите членки, претседателката даде свој став за ситуацијата во Европа, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, додавајќи дека со оглед на милионите невакцинирани граѓани во ЕУ, оваа дебата е добредојдена.
Но, додаде Мамер, јасно е дека ова е надлежност на земјите членки и Европската Комисија нема да поднесе предлог во оваа насока.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
