Македонија
4. November 2017 - 11:58

Малолетник тешко повреден со шипка во автобус на ЈСП

Вчера  околу 21.00 часот Ж.Н. - возач на автобус бр.81, пријавил дека во автобусот на автобуска постојка во с.Бразда се качиле околу 12 лица и пред да се симнат на следната автобуска постојка, најверојатно со метална шипка, удриле во пределот на ногата 15 годишен малолетник од с.Бразда.

Момчето со приватно возило е пренесено во Градска општа болница каде му се констатирани телесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.