-->
-->
Малолетник пронајден мртов, до телото имало пиштол
-->

Безживотното тело на 16 годишниот А.С. од Групчин вчера било пронајдено од страна на неговиот татко на нива во близина на селото. Случајот тој го пријавил околу 18 часот, а на мртвото тело на синот пронашол една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.
- Набрзо по пријавувањето, јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид. На местото е пронајдено безживотното тело на 16-годишниот А.С, покрај кое се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура, соопштуваат од СВР Тетово.
Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на јавен обвинител врз телото на А.С. денеска ќе се изврши обдукција.
Истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство или убиство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград