Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р. удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат