Малолетник повреден кај „Буково“ при сеча на дрва
Полицијата поднесе кривична пријава против лицето С.Ѓ. (40) од охридското село Велгошти, како одговорен за случајот со повредувањето малолетно лице на депонијата „Буково“, што се наоѓа на половина пат меѓу Охрид и Ресен.
Според спроведената полициска истрага, несаканиот настан се случил на 2 февруари околу 13 часот, при сеча на дрво во депонијата „Буково“ со која стопанисува Јавното претпријатие „Охридски комуналец“.
Пријавениот С.Ѓ. вработен како чувар во депонијата, сечел бука со висина од 15 метри, во чија непосредна близина имало поставен шатор во кој заедно со неговиот татко престојувал малолетникот, роден 2005 година во Битола. Исеченото стебло паднало врз шаторот во кој бил малолетникот, нанесувајќи му тешки повреди на главата. Повредениот со возило на Службата за итна медицинска помош од Ресен бил пренесен во болницата во Битола, но поради сериозноста на повредите, подоцна е префрлен во Клинички центар - Скопје.
Ново на Сител
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени