Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
Вчера во 12.40 часот во полициската станица Аеродром Н.П.(43) од Тетово пријавил дека претходниот ден (28.11.) околу 12.45 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка која што била во друштво со двајца другари била пресретната од 16-годишен малолетник нејзин соученик, кој замавнувајќи со остар предмет упатувал закани по живот кон неа и кон друг малолетник од истото училиште, информираа од МВР.
Воедно на 29.11.2024 година во СВР Скопје, Е.А.(48) од Скопје пријавил дека на 28.11. во 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, 16-годишен малолетник го пресретнал неговиот син и замавнувал кон него со остар предмет, а потоа неговиот син физички го нападнал истиот. Според пријавителот претходно и преку социјална мрежа малолетникот упатувал закани по живот кон неговиот син, додаваат од полицијата.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ