-->
-->
Малолетник од Кочани „оперирал“ по скопски куќи
-->
На 28.11.2022 околу 06.30 часот на ул.„Благоја Стефковски" во населба Маџари – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Кочани.
Тој бил фатен при извршување „кражба" во куќа, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети бил пронајдени и вратени на сопственикот.
По преземени мерки, исто така, било утврдено дека тој е сторител и на „разбојничка кражба“ во куќа во населба Керамидница на 27.11.2022, при што одзел пари.
За настаните бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница
-
Нов топлотен бран во Македонија до средина на идната недела
-
Вработени на Клинички револтирани по најавите за поскап паркинг - Синдикатот бара итна средба со Алиу
-
Над 60 лица вработени во Флораком и Луна си ја бараат јунската плата - Денеска излегоа на протест
-
Последна опомена од Дурмиши до трговците