-->
-->
Малолетник (16) со пиштол и соучесник со нож ограбиле скопски маркет
-->

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 23. ноември околу 21.25 часот во маркет на улица „2“ во Скопје, малолетникот со закана со пиштол, заедно со уште едно непознато лице, на сопственикот на маркетот и неговата сопруга им ги побарале парите од касата.
Сопственикот го фатил пријавениот за рака за да му го одземе пиштолот, но од позади непознатото лице со нож го расекол во пределот на десната подлактица, и со пиштол бил неколку пати удрен во главата, по што сторителите побегнале од местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
