Македонија
17. November 2025 - 13:20

Малолетници разгледувале воздушна пушка, едниот повреден при случајно пукање

На 16.11.2025 околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот, соопшти МВР.

Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.