Маљас: Димитров ја посети Атина за да не убеди дека во Скопје дува нов ветар
„Министерот за надворешни работи Никола Димитров, најуспешниот дипломат на ПЈРМ, ја посети Атина за да не убеди дека во Скопје сега дува нов ветар“, пишува во коментар за „Катимерини“, Александрос Маљас, кој беше прв амбасадор на Грција во Скопје од 1995 до 1999 година, и амбасадор во Вашингтон од 2005 до 2009 година.
Маљас во текстот потсетува дека Димитров беше македонски амбасадор во Вашингтон, нагласува дека тој бил „иницијатор администрацијата на Буш да го признае уставното име на нашата земја и со знаење и соработка ја доведе својата земја до дипломатска победа против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг“.
Грчкиот дипломат пишува дека признавањето на уставното име од страна на САД доведе до драстична промена и ги отежна условите за преговарање на Грција, додека одлуката од Судот во Хаг ја поткопала довербата на Грците во институциите.
„Едногласната одлука од самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година вели дека 'претходно решавање на името' е предуслов за покана за членство. Одлуката од Букурешт имаше цена. Не беше безболна. Како и сите важни и тешки одлуки кои се регистрирани во историјата. Се разбира, и ние направивме грешки“, пишува Маљас и „се сеќава“ на реакциите на Кондолиза Рајс на позициите на Дора Бакојани. Тој додава дека таа напишала нешто во својата книга, но ја изоставила суштината. „Предупредувањата“ од саботата на 31 март 2008 година во „повикот од Љубљана“. Американската страна тврдеше дека грчката министерка „го кренала тонот на гласот“ кон Рајс.
Како што потсетува дописникот на МИА од Атина, на 31 март 2008 година Кондолиза Рајс имаше телефонски разговор со Бакојани во кој Американката ја повтори неопходноста Македонија да влезе во НАТО.
Маљас понатаму продолжува дека лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу „правилно“ го окарактеризирал тоа што се случи во Букурешт како „одбранбена операција“.
„Тоа беше стратегија за обновување на специфичната тежина на Грција во очите на Скопје, и во рамките на Алијансата, со знаење и проценка на ризиците и последиците врз политичките протагонисти (Костас Караманлис и Бакојани) и дипломатите“, пишува грчкиот дипломат.
Тој потоа потсетува што претходело на олуката од Букурешт, односно дека Владата на Караманлис „со политичка храброст“ во септември 2007 година го поставила историскиот компромис на Грција „сложено име со географска одредница за секаква употреба“.
„ПЈРМ го одби компромисот. Тие се свртеа кон провокации и Александар Велики. Ова пред, не после Букурешт“, наведува Маљас.
„Како премиер, Јоргос Папандреу, од октомври 2009 година се сретна повеќе од десет пати со Никола Груевски, барајќи решение. САД ја опиша промената на власта во Грција како 'прозорец за можности', сметајќи ја Владата на Караманлис тешка и нефлексибилна. Сепак, Скопје ја засили политиката на 'антиквизација', наместо да ја напушти“, пишува Маљас.
Тој потсетува дека Никос Коѕиас, иако свесен за рамнотежата на коалициската Влада меѓу Сириза и Независки Грци, пред две години презеде иницијатива и ги промовираше мерките за градење доверба. Според грчкиот амбасадор, „Скопје прво одговорило негативно, потоа сомнително и на крај се согласило“.
„Денес, новата Влада на ПЈРМ тврди дека се е променето. Во реалноста, сепак, се наликува многу на минатото: инсистирање на лошиот Устав од 1991 година (извор на внатрешни конфликти и проблеми со соседите), непријателска пропаганда и иредентизам, обид да се заобиколи Грција во НАТО и во Европската унија и придржување кон ставовите од вчера за името“, заклулува Маљас.
Ново на Сител
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата
-
Во Турција градоначалникот и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово