Македонија
30. November 2016 - 19:03

Малиот Кристијан е пример за секој Македонец

Малиот Кристијан Воденски е мајстор е за текводно, кик-бокс, бразилско џиу-џицу, борење, но најголем шампион е во љубовта кон својата татковина.

Неговиот Фејсбук профил изобилува со македонските знамиња, а шампионот неодамна сподели и една интересна фотографија со коментар: „Тато како се пишува лав-Сине пишувај Македонец“.

Момчето кое има едвај 25 килограми,  додека неговите врсници спијат со играчките под перница, малиот Кристијан на постелата има прекривка со кратенка за „ултимејт фајт“, а покрај него е и шампионскиот појас.