-->
-->
Малиот - голем херој има само 11 години, а помага на сите баби и дедовци во селото
-->

Единаесетгодишниот Радоја Тосиќ од населбата Ерцег и Ковиљ, секојдневно им помага на постарите соседи, поради што го добил прекарот Добрица. Иако снежната бура го покрило ова населено место скоро до појасот, тој го расчистил патот до куќата и шталата на една баба која има 80 години.
- За мене е тоа чест, ги облекувам чевлите на татко ми..големи ми се, но со нив полесно се движам. Чистам се до куќата, ќе и однесам дрва, дури и мојата сестра Анѓела често доаѓа со мене да помогне во куќата. Навистина не ми е тешко да сторам се што ќе ме замолат. Имав седум години кога почнав да ги слушам. Првата продавница е на 3,5 километри од тука. Кога одам на училиште ги прашувам што им треба, па го носам на враќање. Често им помагам и околу добитокот, - вели Радоја.
Баба Анка има 90 години и е уште една од оние соседки кои добиваат помош од овој „мал“ јунак.
- Така се воспитани, да им помогнеме на старите и да ги почитуваме. убаво се чувствувам кога ќе ме прегрнат, пофалат, почестат со колачиња. Мајка ми вели дека на добрината со добро се враќа и јас навистина верувам во тоа, - завршило младото момче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари