Живот
7. July 2017 - 21:06

Малиот ангел со заразна насмевка го напушти светот, но не и нашите срца!

Бредли Лоури ја загуби битката со ракот. Детето кое ги обедини сите англиски фудбалери, беше голем навивач на Сандерленд и го обожаваше Џермејн Дефо, кој му стана и најдобар пријател.

Тој ги обедини сите британски ѕвезди, со заразната насмевка ги освои срцата на навивачите ширум светот.

Бредли почина на 6 години од рак.

- Нашето храбро дете денеска отиде со ангелите, во прегратката на мама и тато. Беше наш суперхерој, се бореше до крајот. Срцата ни се скршени. Фала ви на сите за пораките со поддршка, објавија родителите на детето.

Минатата година лекарите на малиот Бредли, големиот навивач на Сандерленд, му дадоа неколку недели живот. Но Бредли не се предаваше, неговата херојска битка го освои светот. Два пати го победи ракот, Сандерленд му ја исполни желбата, го пушти на теренот каде Бредли даде гол, а тој гол беше прогласен за гол на месецот во Премиер лигата.

Детето не се одвојуваше од поранешниот капитен на Сандерленд, Џермејн Дефо, кој му беше омиел играч и кој често го посетуваше. Бредли знаеше да заспие во прегратката на својот најдобар пријател, на кого му беше се потешко да го гледа малиот, се послаб после секоја хемотерапија. Повеќе од пола живот помина борејќи се против злобната болест, а тоа го правеше со насмевка на лицето.

Последниот Божиќ посака што повеќе честитки, па ги доби повеќе од 200.000 од целиот свет. Им пркосеше на лекарските прогнози и живееше за фудбалот.

Беше и капитен на Англија, откако Џо Харт пред натпреварот со Латвија му ја даде капитенската лента, а Дефо го изнесе на теренот, каде малиот херој мораше да ги покрие ушите од овациите на илјадниците фанови.

Џермејн Дефо слободното време го поминуваше во болницата или во куќата на малиот Бредли, кој заедно со својот идол забораваше на проблемите. Знаејќ дека крајот е блиску Дефо неодамна се расплака кога го прашаа за состојбата на детето.

-Ме промени како човек. Одам во болница и таму сме само јас и тој. Легнуваме, тој не покрива и така заспиваме. Разговарам со неговото семејство секој ден, тоа е нешто посебно, тешко ми е да го гледам како се мачи. Знам дека ќе не напушти, но моето срце нема, таму ќе остане до крајот на животот, кажа неодамна Дефо.