Мали: Утре исплата на 100 евра државна помош за 1.019.796 млади
За државната финансиска поддршка од 100 евра во Србија се пријавиле 1.019.796 млади лица, а исплатата ќе започне од утре, 1 февруари и ќе трае три дена, јави дописникот на МИА од Белград.
-Бројот на пријавени покажува колку добро погодивме кога ја дефиниравме оваа помош за младите. Уплатата ќе започне утре и ќе трае на 1, 2 и 3 февруари. Кај младите се создаде доза на оптимизам, а ние ја покажавме силата на нашите јавни финансии. Пријавувањето траеше две недели, од 15 до 30 јануари, изјави за ТВ Прва министерот за финансии Синиша Мали.
Тој кажа дека „е создадена убава и позитивна атмосфера“, како и дека младите веќе смислиле на што ќе ги потрошат тие пари.
Како што наведе, на првиот ден од исплатата на помошта од 100 евра односно во противвредност од 11.758,56 динари, таа ќе се уплати на сметките на околу 300.000 граѓани, вториот ден на уште околу 350.000, а третиот ден парите можат да ги очекуваат и останатите пријавени млади лица. Според Министерството за финансии, за оваа мерка помош државата издвоила околу 12 милијарди динари.
Мали кажа и дека само еден ден пред почетокот на аплицирањето за 100 евра, на сите здравствени работници им биле исплатени 10.000 динари, а на 10 февруари на пензионерите ќе им бидат исплатени 20.000 динари.
Како што појасни, иако некои велат дека државата дели пари „со лопата“, тоа не е точно, бидејќи помош добиваат само оние кои за неа аплицирале.
Ново на Сител
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
