Мали инциденти и четири приведени лица на ученичкиот протест во Солун против Договорот од Преспа
Протестот во Солун организиран од ученици од средни училишта заврши со мали инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата, а беа приведени четири лица, објавуваат солунските медиуми.
Според истите информации, во малиот инцидент група маскирани лица ја нападнала полицијата со предмети, која,пак, возвратила со шок бомби, а подоцна привела и четири лица.
Учениците во Солун, со паролата “Македонија е грчка” и со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Кутлеш маршираа по улиците и стигнаа до Министерството за Македонија и Тракија.
Насобрните ученици ги предводеше момче на коњ.
Грчките медиуми објавуваат дека околу 100 средни училишта во Северна Грција се под опсада, додека пак приближно толкав е бројот и на оние училишта, претежно во Атина, кои што се против нивните соученици и се антинационалистички и антифашистички ориентирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Протести против Договорот од Преспа, освен во Солун, се одржаа и во други градови во Северна Грција.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот