Малезија е една од новите цели на ИД
Малезискиот министер за одбрана Тун Усеин денеска соопшти дека контраразузнавачките служби откриле планови на локалните радикални исламисти за елиминација на значајни политички личности.
Министерот изјави дека исламски радикали кои се вратиле од боиштата од Ирак и Сирија имаат директиви од раководството на Исламската држава како да ги извршат атентатите и со повеќе бомбашки напади да нападнат места каде што се собираат странци и други „неверници“.
На денешната прес-конференција малезискиот министер за одбрана нагласи дека смета на поддршка од другите држави од регионот за отстранување на опасностите од преселувањето на идеите на ИД во регионот, каде има голем број муслиманско население.
Групата Ал Сабах, која се смета за огранок на Ал Каеда во југоисточна Азија, во повеќе наврати најавува дека ќе прогласи калифати во Малезија, на југот на Филипините и во Индонезија.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина