-->
-->
Маленко обвинува ФФМ демантира?!
-->
Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Златко Андоновски, го демантира Александар Маленко, кој во четвртокот на својот профил на Twitter ја запраша ФФМ зошто, за лобирање, за прием на Косово во УЕФА донирала 500.000 евра.
„Тоа се глупости и непотребно е да се коментира. ФФМ и Фудбалскиот сојуз на Србија се сериозни институции, за да си дозволат да коментираат вакви наводи. Не треба да трошиме зборови кога станува збор за односите меѓу двете федерации. Односите се базирани на коректна и пријателска база. Секогаш кога има можност помладите категории играат пријателски натпревари“, ја потврди за Макфакс својата изјави, дадена за српските медиуми, портпаролот Андоновски.
Фудбалскиот сојуз на Косово, пред два дена, со просто мнозинство, односно со 28 гласови „за“, стана 55-от член на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти