Живот
2. February 2017 - 12:02

Малечката невеста остана без уши, сопругот и пресуди

Млада Авганистанка на возраст од 23 години стана жртва на семејно насилство.

Мажот и ги отсекол ушите и побегнал, а авганистанската полиција интензивно трага по него.

Таа се омажила за него кога имала 13 години, и како што вели, не знае зошто го направил тоа, но не сакала да остане со него во брак.

-Беше многи чуден кога беа во прашање моите родители. Кога и да кажев дека сакам да одам кај родителите, тој чудно се однесуваше, рече таа.

Авганистанските жени често се жртви на насилство, а во текот на изминативе години, отсекување на деловите од тело стана честа појава во оваа земја.