Малчев од Бугарија: Над 500 граѓани донираа крв за настраданите, наместо ракија - салата патриотизам да градиме мостови
Во само два дена повеќе од 500 граѓани во Бугарија дарувале крв за настраданите во трагичниот инцидент во дискотеката во Кочани. Повикот на здравствените власти и црвениот крст во Бугарија дека е потребна крв за пациентите кои беа транспортирани во Македонија, собра голем број хумани граѓани во Бугарија од различна возраст. Крв се дарува во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија. Меѓу оние кои вчера даруваа беше и Ѓорги Малчев професор и блогер, кој и самиот во повеќе наврати повика што е можно поголем број негови сограѓани да бидат хумани и да даруваат крв.
Малчев вели сите сме луѓе и како луѓе имаме должност да подадеме рака и да помогнеме кога гледаме дека нечии живот зависи од тоа.
Освен дарување крв во Бугарија во тек се и други акции за помош на луѓето кои се лекуваат таму но и за сите настрадани таму. Она што Малчев го сподели е дека тие самоиницијативно се организираат и собираат парични средства, а како самиот нагласи голем број средства се веќе собрани.
Малчев вели ова е уште еден доказ дека и од двете страни треба да престане ракија-салата револуционерството и да се градат заеднички мостови, пријателство и хуманоста преку кој ќе им помагаме на луѓето во потреба и ќе си помагаме како соседи и пријатели
Дарувањето крв во Бугарија прдолжува до крајот на оваа недела, а продолжуваат и другите хуманитарни активности за помош на настраданите во Кочани.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!