Мал е како бебе, а има 21 година, вистински Бенџамин Батон кој го сметаа за божество
Манприт Синг изгледа како шестмесечно бебе иако веќе три години е полнолетен. Лекарите се збунети, но мислат дека причина е ретка болест на штитната жлезда. Мештаните пак веруваат дека Манприт е божество.
Манприт Синг (21) престана да расте уште како бебе и ден денеска изгледа како шестмесечно бебе. Тој живее во индиската држава Пунџаб, висок е само 60 сантиметри, а се верува дека со тоа го држи рекордот на најнизок маж на светот,
Бил здраво бебе и наеднаш престанал да расте. Поради тоа во Индија го сметаат за реинкарнација на бог.
Кога наполнил 12 години, луѓето почнале да доаѓаат кај него по благослов. Родителите Џагтар Синг и Манџит Каур велат дека се сиромашни и мислат дека на својот син не му овозможиле соодветно лекување. Велат дека детето го прегледале пет или седум лекари и сите рекле дека има проблем со штитната жлезда и не можат да му помогнат. Родителите велат дека лекарите на Манприт му дале многу лекови, но тоа ништо не променило. Манприт не може да зборува, ниту да оди без помош на другите, но сепак ги развеселува сите мештани.
-Луѓето мојот син не го злоставуваат зошто е низок, не се чувствуваме лошо поради неговата состојба и сите го обожуваме. Луѓето го сакаат, вели мајката.
Манприт има браќа и сестри кои се со нормална висина. Сестрата Џасприт (19) останала дома за да се грижи за братот и семејството.
Семејството се надева дека откако приказната на Манприт ќе го обиколи светот, ќе се соберат доволно пари за неговото лекување. Лекарот кој се грижи за Манприт, смета дека може да се најде лек за малиот човек.
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани