-->
-->
Мал драмски театар - Битола со претставата „Столови“ настапи на Фестивалот „Јурисав Корениќ“
-->
Ансамблот на Мал драмски театар - Битола од Македонија синоќа на сцената на Камерниот театар во Сараево ја изведе претставата „Столови“ на затворањето на натпреварувачката програма на Фестивалот „Јурисав Корениќ“ посветен на основачот на тој театар.
Режисер на претставата е Љупчо Георгиевски, додека улогите ги толкуваат Јоана Поповска и Анастас Поп Димитров.
Станува збор за театар на апсурдот работен по текст на Еуген Јонеску, кој ја донесува трагичната фарса создадена како пример на метафизичкото во театарот. Темата која на сцената ја изнесуваат двајцата актери е смислата на животот прикажана преку говор, движење и игра, со емоции на двајца старци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува