Максути: Глобалната безбедност може да се постигне единствено преку ефикасна соработка

Во денешниов мултиполарен свет, во кој безбедносните закани се асиметрични, глобалната безбедност може да се постигне единствено преку ефикасна, вистинска соработка, порача денеска заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, на отворањето на состанокот на Групата за управување со безбедносната соработка во Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи.
- Јас сум цврсто убеден дека интеграцијата на Балканот во НАТО и во Европската Унија е критичен елемент и дека политиката на отворени врати во НАТО мора да продолжи сè додека секоја земја-аспирант не го пронајде својот пат до Алијансата“, рече Максути.
Според него, и по седумнаесет успешни акциски планови за членство, Македонија сè уште е на патот кон НАТО, но и дека реформите остануваат да бидат во нашиот фокус.
Во рамките на денешните состаноци, претставници од Министерството за одбрана ќе ја презентираат одбранбената политика и меѓународната соработка во Министерството, придонесот на АРМ во мировните мисии, како и капацитетите на единствениот НАТО-сертифициран центар во државата, Регионалниот центар за односи со јавноста.
Со Групата за управување со безбедносната соработка во Југоисточна Европа оваа година претседава Република Македонија. Таа претставува неформален и флексибилен форум за зајакнување на регионалната соработка преку бројни проекти и иницијативи. Дел од групата се земјите-членки на Партнерството за мир и НАТО- земјите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
