Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
Оваа година за прв пат Максим Митровски во јуниорска конкуренција настапи на професионален кикбокс меч ВАКО ПРО АФН 9 во дисциплината К1 -75 кг.
Максим е натпреварувач од Кикбокс клубот Шампион од Скопје под водство на неговиот татко и тренер Дејан Митровски - Урко. Тој извојува апсолутна победа над својот противник Алекса Павловиќ од Србија со победа во сите рунди (3:0). “Мечот на Максим беше исклучително интересен и атрактивен за публика со комплетна доминација над противникот со примена на многу реализирани различни комбинации на врвно технички кикбокс удари. Тој е енергичен, силен и технички добро подготвен натпреварувач.” - изјави организаторот и претседател на КМФМ Дејан Митровски Урко.
“Настапот на ваков гала настан со врвна организација, пред своја публика во преполната сала од една страна е дополнително оптоварување и стрес за мене како борец, но истовремено е и предизвик и мотив да се фокусирам и да дадам се од себе за да ја оправдам најпрво довербата на мојот тренер што ми овозможил учество и настап на ваков настан, но секако и поддршката од мојата фамилија, другарите, пријателите, клубски другари и сите поддржувачи и љубители на кикбоксот. Пресреќен сум што бев дел од еден прекрасен кикбокс настан и секако што победив. Продолжувам и понатаму напорно да тренирам и ветувам уште идни успеси и медали, аматерски, но и професионални” - изјави Максим Митровски.
Ново на Сител
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри